ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Се манипулира со сумите од ковид пакетот, прилепчани ќе добијат најмалку средства

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

За да нема манипулација со маката на тутунарите, во врска со ковид пакетот и поддршката од Владата, ви предочуваме неколку факти, стои во денешеното соопштение од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Предвидената помош изнесува вкупно 5 милиони евра, а не 6 или 7 милиони, како што говорат одредени партиски функционери и го замајуваат народот. Распределбата оди по класи и истата е званично 3 денари за втора класа и 16 денари за трета и четврта класа, а не како што некои ве лажат дека 6 денари е за втора класа, 8 денари за трета и 12 денари за четврта класа.

Уште една лага поврзана со зелената нафта. Не е вистина дека овој бенефит го користи секој што ќе пријави површини во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тутунарите ги пријавуваат површините за тутун и не се опфатени со оваа мерка.

Ветувањата дека ковид пакетот ќе се исплател пред избори доколку не се косела исплатата со законите е најдобар доказ за негрижата на оваа власт за тутунарите. Од месец април, досега имаше доволно време да се врши исплата и да се покаже грижа за лошата состојба на тутунарите кои од оваа власта беа оставени на милост и немилост.

Уште една лага е дека просекот по класи би бил 13 денари за секој предаден килограм тутун и дека семејство кое предало пример 2 тона би зело од 26.000 до 27.000 денари. Ова е класична лага и бесрамна манипулација!

На прилепчани ќе им бидат исплатени најмалку средства од овој ковид пакет, бидејќи тутунот во Прилеп има квалитет и секогаш се предава по повисока класа за која нема ниту денар од пакетот. Или ако имате пример 500 килограми прва класа нема да добиете ниту еден денар, ако имате 1400 килограми втора класа по 3 денари, ќе добиете 4200 денари и ако имате 100 килограми трета класа по 16 денари, ќе добиете 1600 денари, или вкупно ќе ви бидат исплатени 5800 денари.

Ова се вистинските бројки и факти! Се останато е груба предизборна манипулација. Почитувани тутунари, вашето достоинство нема цена! Вие заслужувате целосна поддршка, затоа што безобразно е врз вашата мака, вашата пот и вашиот чесен труд, некој да манипулира и да ве носи во заблуда“, стои во соопштението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи