Македонски полицајци фатени со дрога, oд МВР велат дека била заборавена во возилото од 2016-та година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонски полициски службеници се фатени со дрога во Црна Гора која била скриена во специјални бункери под седиштата.

Од МВР официјално потврдуваат дека се случил настан во кој била најдена марихуана во автомобил што го возеле полициските службеници, но објаснуваат тие не биле поврзани со настанот, туку дрогата останала во автомобилот од акција за запленета дрога во 2016 година.

„Во текот на вчерашниот ден, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР се упатиле на обука во Црна Гора, и за патување до таму задолжиле службено возило од авто паркот на МВР, кое инаку МВР го користи откако е добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016 година. Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје“, се вели во одговорот што МВР.

За целиот случај, вели МВР, известено е и нашето Обвинителство, за натамошно постапување и расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи