Велески: Нека е честит Светскиот ден на туризмот, бидејќи секој од нас е патник

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес се одбележува Светскиот ден на туризмот.  Овој ден се слави со цел да се развие свеста на меѓународната заедница за важноста на оваа гранка и нејзините култури, социјални, политички и економски вредности.

Светската туристичка организација во 1979 година го освоила 27 септември како светски ден на туризмот, бидејќи на тој ден 1970 година во Мексико е усвоен статутот на оваа организација.

Туризмот има голема улога во градењето на меѓународното разбирање и взаемно почитување. Такви луѓе од различни средини се основа за толеранцијата и на тој начин туризмот може да придонесе за мирот во светот.

Туризмот, како еден од поважните двигатели на глобалниот раст кој сочинува 10 % од светската економија, е една од најтешко погодените индустрии. Пандемијата создаде сериозни домино ефекти во екосистемот, па кризата влијаеше не само на авиокомпаниите или големите хотелски ланци, туку и на 80% од туристичкиот сектор составен од помали даватели на услуги.

Со надеж дека светот конечно ќе прогласи победа над пандемијата, ви го честитаме овој ден и ви посакуваме многу патувања.

„Туризмот е сила која ги обединува луѓето и ги руши границите – физичките, но и оние на разбирањето. Кој патувал, научил и понел многу, и го наполнил својот куфер со богати искуства и доживувања. Во овие пост-пандемиски (?) времиња, важно е да продолжат да се движат тркалата на туризмот. Нека е честит Светскиот ден на туризмот, бидејќи секој од нас е патник“, порачува за Инфо Компас, Милан Велески – лиценциран туристички водич.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи