ВИДЕО – Австриска поддршка за поставување на штедливи LED-светилки во Домот за стари лица во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


ЛАГ АГРО ЛИДЕР во партнерство со Австриската организација BIENE, а со финансиска поддршка на Федералното Австриско Министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, како и поддршка од компанијата ЕВН и во соработка со Домот за стари лица во Прилеп „Киро Крстески – Платник“, спроведува активност за замена на старите светилки со штедливи LED-светилки во домот, како дел од проектот „Пилот проект за воспоставување на услуги за достава на храна“, со што ќе се придонесе за подобрување на условите во домот за старите лица, но и намалување на трошоците кои оваа установа месечно ги одделува за електрична енергија. Составен дел на овој проект освен замена на старата електрична инсталација е проект на професионален ангажман на млади невработени лица, односно вработување на дополнителни кадри во домот за стари лица во Прилеп, кои што овозможуваат подготовка на социјални оброци, кои што преку тимот на платформата Домашно.мк вршат достава на оваа храна до социјално ранливите категории во Прилеп со помош на електрични велосипеди.

„Проектните активности на ЛАГ Агро Лидер во соработка со граѓанска организација од Република Австрија, со поддршка која што е многу очигледна на Федералното австриско министерство за социјални политики, здравство, нега и заштита на потрошувачи, докажаа дека може навистина да дадеме значаен придонес за развој на нашата локална заедница и во проектот што денес го промовираме успеавме со еден проект да ги опфатиме и младите и старите лица, со тоа што од една страна на младите лица им овозможивме поддршка при вработување преку практиканство о коачинг, а на старите лица им овозможивме подобри услови и подобар квалитет на живот при нивниот престој во Домот за стари лица во Прилеп. Ова е одличен пример како треба да се обединат јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заеднички иницијативи насочени кон подобрување на квалитетот на живот на постарите лица, заштита на животната средина, обезбедување можности за младите и преку овој проект навистина покажавме дека заедно можеме да направиме значајни промени за добробит на нашата заедница“, изјави Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

 

„ Во овој контекст би сакал да ја споменам и нашата тесна соработка со приватната компанија ЕВН Македонија АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ја согледа потребата од вакви сериозни проекти и вклучувајќи се волонтерски во нивната организација, бидејќи ја свати суштината на овие проекти дека станува збор за подобрување на животните услови и квалитет на животниот стандард кај старите лица и лица од социјално ранливите категории“, додаде Мики Крстев, директор на Центар за социјална работа Прилеп.

Особено голем придонес за реализија на овој проект има Харалд Фугер – аташе на австриското министерство за социјални политики, здравство и заштита на потрошувачи. Кој истакна дека овој проект е особено значаен за младите луѓе кои преку учеството во проектот стекбнуваат соодветни работни искуства за полесно да може да се снајдат на пазарот на трудот.

„Ова се навистина одлични примери од пракса помеѓу јавното и приватното партнерство. Што правиме конкретно во рамките на проектот, пилотирање и на кетеринг услуги со органска храна? Значи станува збор за стручна квалификација и ангажман на загрозени млади лица преку заеднички активности на НВО ЛАГ Агро Лидер и Домот за стари лица тука во Прилеп, квалификација и обавување на практичен тренинг тука во Домот за стари лица, пред се за нивна понатамошна конкурентност во рамките на реалниот пазар на работна сила во државата. Значи млади, кои што не можат во нормални услови да најдат работа добиваат квалификационен тренинг тука во невладината организација, ќе бидат тренирани како се подготвува храна, како се доставува истата. Покрај праксата која што ја обавуваат тука при подготовка на храната во Домот за стари лица, истите ја доставуваат храната, значи учестуваат како кетеринг сервис“, истакна Харалд Фугер – аташе на австриското министерство за социјални политики, здравство и заштита на потрошувачи.

Во проектот реализација на овој проект се вклучи и ЕВН преку нивниот проект на волонтирање чии работници ги инсталираат новите ЛЕД штедливи светилки.

„Колку би можел да биде подобар светот? ЕВН се обиде преку волонтерскиот проект токму тоа да го направи. Им даваме можност на 2.000 вработени на еден ден во годината да волонтираат, ама и почесто доколку го сакаат тоа. Па така во последните 5 години реализиравме преку 100 проекти и така нивната услуга нашите вработени ја пружаа во јавноста“, вели Штефан Петер, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија.

Амбасадорот на Австрија во Македонија, Георг Вуцас, истакна дека Македонија и Автсрија отсекогаш имале плодна соработка, а минатата година се одбележала 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помежу двете земји.

„Значи во овој контекст мислам пред се на поддршката што Македонија ја добива во процесот на пристапување во ЕУ. Австрија би посакала да пристапните преговори се веќе одамна започнати, но овие одложувања не треба толку трагично да се сваќаат. Австрија и лично јас сме уверени дека овие процеси ќе започнат наскоро, пристапните преговори и пристапот на Македонија е од стратешки интерес за Австрија“, потецираше Георг Вуцас , амбасадор на Австрија во Македонија.

На овој настан беше потенцирано дека соработката помеѓу Австрија и Македонија ќе продолжи и во иднина на повеќе општествени полиња.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи