ВИДЕО – Проданоски: Излегуваме со реална и остварлива програма, со конкретни проекти и решенија за модерен Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Аирлија да е почетокот на официјалната изборна кампања за локалните избори 2021 година, после кои Прилеп ќе биде општина за секој жител! Истакна на денешната прва прес конференција во кампањата за овие избори носителот на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски.

„Како носител на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, заедно со кандидатот за градоначалник Борче Јовчески и кандидатите за советници, од овде, од пред споменикот на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов – Ченто и од пред општинската зграда, која во идните 4 години ќе биде вистински сервис на граѓаните и во која ќе се работат сите проекти во интерес на граѓаните, упатувам апел до сите политички субјекти за фер, коректна и достоинствена кампања,со која ќе овозможиме сограѓаните слободно да го остварат своето право на глас.Следните денови да бидат натпревар на идеи и проекти во интерес на прилепчани.

Советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, е составена од чесни, вредни кандидати, професионалци ценети во својата област, кои си го сакаат градот и кои се спремни со сето свое знаење да придонесат за развој на нашиот Прилеп. Овае победничкиот тим, од економисти, доктори, интелектуалци, спортисти, бизнисмени, млади.Вистински спој на знаење и искуство, надополнето со енергија и визионерство.

Пред вас почитувани граѓани, заедно со нашиот кандидат за градоначалник д-р Борче Јовчески, излегуваме со реална и остварлива програма, со конкретни проекти и решенија.

Нудиме вистински решенија за сообраќајниот хаос во градот, проекти од областа на комуналната и патната инфраструктура, проекти за обновливи извори на енергија…Наш фокус ќе биде образованието и враќањето на приматот-Прилеп начист град во Македонија. Старата чаршија ќе блесне како што заслужува. Ќе се погрижиме за подобар живот и во наслените места.

Нашата визија, а и ваша, е Прилеп да биде модерна општина во која ќе живеат задоволни граѓани.

Ја бараме вашата поддршка! Ветуваме многу работа за да имаме просперитет.Со ваша помош и поддршка да направиме се Прилеп да чекори напред по патот на успехот и да стане место за квалитетен и достоинствен живот, Општина со која ќе се гордееме сите!

Ајде заедно да направиме Прилеп да биде место за живот на сите граѓани! Ве повикувам, на 17-тиОктомври да гласате за бр. 7! 7 за кандидатот за градоначалник Борче Јовчески!

И број 7 за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата!“, рече Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи