Петрески: Се сменуваа цели ДУП-ови за интересите на поединци, а предмети на граѓаните стојат нерешени со години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Наш гостин во ова издание на Инфо Регион е Славе Петрески, кандидат за градоначалник на граѓанско движење „Одлучно за промени“ на партиите ЛДП и ДОМ. Петрески вели дека иако ЛДП на централно ниво е во коалиција со СДСМ, на локално ниво на овие избори одлучиле да одат сами бидејќи кај народотот веќе се забележувало огромно незадоволство од 30 годишното владеење на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кои си терале само политики, за свои интереси, а не политика за градот и за сите граѓани.

Петрески е бизнисмен, a претходно беше и директор на ЈП за ПУП во Прилеп. Функцијата ја напуштил сам, после само 6 месеци, бидејќи имале голем број недоразбирања со актуелниот градоначалник, најмногу околу набавките, а особено за скапо купените автобуси на метан за кои Петрески бил против нивно купување.

Петрески нагласува дека се сменувале цели детални планови за да се задоволат интересите на поединци, а предмети на граѓаните стоеле нерешени со години.

Вели дека во Прилеп за 30 години се нема направено ниту еден капитален проект, се градело нешто само пред избори како овие последниве. Прашува зошто беше потребно 4 години да се чека за да сега 40 дена пред избори се асфалтираат улици во Прилеп.

Ветува прекинување на вработувањето по партиска линија, како што било досега. Истакнува дека сега вработените од ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата не работеле оти биле сега од спротивната партија, а оние од СДСМ велеле ние сме сега власт и ние не работиме. Ами кој да работи, јавно прашува Петрески

Во интервјуто подолу слушнете ги неговите идеи како до подобра бизнис клима, отворање на нови работни места, како до развој на спортот и културата.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи