Пристигна третата пратка на апаратите за отпечаток од прст коишто ќе се користат на изборите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите пристигна во Македонија.

Во пратката има вкупно 980 апарати, а ќе се чуваат во Домот на Армијата, изјави денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Првите уреди за биометриска идентификација пристигнаа на почетокот на месецов и со нив се обучуваат избирачките одбори. Уредите за биометриска идентификација или уште познати како фингерпринт се набавени од германската фирма „Дермалог“.

Овие уреди за првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи