Балашевиќ – „панонскиот морнар“ по кој тагува цела поранешна Југославија, ќе добие музеј во Нови Сад

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ѓорѓе Балашевиќ добива музеј во Нови Сад, пренесуваат српски медиуми.

Како што објави порталот 021.rs, музејот ќе биде во близина на кејот и Дунав, кои Балашевиќ ги пееше во своите песни.

Музејот е планиран на површина од 500 квадратни метри, ќе има галериски простор, мултимедијална сала, спомен – сала, како и технички и други простории.

Засега нема информации кога би можела да започне изградбата на музејот. Урбанистичкиот план е на јавен увид.

Ѓорѓе Балашевиќ (11 мај 1953 во Нови Сад, СФРЈ – 19 февруари 2021) е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Балашевиќ има издадено 14 албуми. Исто така, има глумено во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката. Живеел и работел во Нови Сад. Бил оженет и имал три деца Јована и Јелена и Алекса.

Балашевиќ почина на 19 февруари, на 67-годишна возраст.

Многумина ќе го паметат Балашевиќ по неговите стихови, кои тој ги напиша со најдлабоки емоции.

„Луѓето се како школки – мора да отворите илјадници од нив за да пронајдете бисер“.

„Има тишина на која се сеќавам повеќе од најубавите зборови“.

„Засекогаш“ е само збор. Големите зборови обично имаат мала грешка и се намалуваат со трошка, секогаш кога ќе ги изговорите. Ништо не остана од моето „засекогаш“, Бог знае што“.

„Ако жените одлучуваа за некои работи, светот ќе изгледаше поубаво. Можеби ќе имаше малку влечење коса, озборувања и други работи, но дефинитивно нема да има толку многу крв и зло колку што сме посеале ние мажите“.

„Ниту една жена не е толку скапа, а да не може да се купи со искрена љубов. Но, не толку евтина за да се продаде за неколку лаги“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи