Во Република Српска забранет увоз на грозје од Македонија поради пестициди

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Фитосанитарната инспекција на Република Српска во БиХ забрани увоз на пратка свежо грозје со потекло од Македонија, во износ од 20.730 килограми, поради зголемената содржина на пестициди, јави дописникот на МИА од Белград.

„При редовниот преглед на пратка храна од растително потекло при увоз, надлежниот инспектор извршил земање мостри за лабораториска анализа со цел да испита остатоци од пестициди, соопшти Инспекторатот на Р.Српска“, пренесува РТРС.

Врз основа на извештајот за лабораториска анализа издаден од „Институтот за вода“ во Бјелина, во кој е испитано присуството на 180 активни супстанции, во анализираниот примерок открино е зголемено присуство на пестициди „фосмет” над вредностите пропишани со Уредбата за максимално ниво на остатоци од пестициди во и на храна и храна за животинско и растително потекло.

Постапувајќи по резултатите од анализата, инспекторот донесе решение со кое се забранува увоз и нареди враќање на спорната пратка на испраќачот или уништување под надзор на надлежен инспектор.

Од Инспекторатот потсетија дека овој месец поради зголеменото присуство на пестициди беше забранет увозот на 6.842 килограма трпезно грозје од Албанија и 660 килограми свежа краставица од Македонија, додека увозот на 24 тони компири со потекло од Полска беше забранет поради утврдено присуство на економски штетен организам.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи