ЕК: Нашата позиција не е сменета, почеток на преговори со Скопје и Тирана во декември

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По конфузијата што се појави со изјавата на претседателката Урсула фон дер Лајен за одвојувањето на Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската Комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета, јави дописничката на МИА од Брисел.

На претседателката на Европската Комисија утрово во Тирана и беше поставено прашање за одвојувањето на Албанија од Македонија на кое таа одговори дека Албанија ги исполни сите услови за одржувањето на првата меѓувладина конференција и дека се прави сѐ за да се надминат пречките.

Овој одговор предизвика конфузија кај дел од новинарите околу тоа дали има промени во ставот на Европската Комисија и дали ова значи дека оваа институција би прифатила Албанија да оди напред ако Бугарија продолжи да ја блокира Македонија.

На редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија, денеска, портпаролите ја прецизираа оваа изјава.

„Претседателката турка за одржување на Меѓувладина конференција за Албанија и за Македонија пред крајот на оваа година“, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК.

Таа истакна дека нема промена во ставот на Европската Комисија по ова прашање.

„Претседателката ја изрази својата посветеност кон процесот на зачленување на Западниот Балкан во ЕУ и таа изрази желба и намера да работи за отворање на Меѓувладината конференција, нема промена“, рече Спинант.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи