Необјавена песна од Џон Ленон се продава на аукција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Аудио касета на која се наоѓа разговор со Џон Ленон и Јоко Оно, но и досега необјавена песна се продава на аукција во Данска.

Лентата на која се наоѓа 33 минутна снимка, но и песната Radio peace е снимена од страна на 4 момчиња во 1970 година, неколку месеци пред Битлси да ја објават разделбата. Се работи за снимено интервју, кое парот го дал за потребите на училишен проект, односно списание.

„Ние бевме само група на 16-годишни хипици, заинтересирани за мировните кампањи на Ленон и Оно“, вели Карстен Хоејен кој ја направил снимката.

Куќата „Брун Расмусен“ која ја става снимката на аукција проценува дека вредноста на касетата е меѓу 25 и 40 илјади евра, и се верува дека ќе заврши во некој музеј или ќе биде избор на некој колекционер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи