Од денеска до петок етапна исплата на септемвриските пензии

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 28.09.2021 година започна етапната исплата на септемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток);

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 септември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи