Отворена дебата во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Младинскиoт тим на ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија вклучени во реализација на проектот „Јакнење на малцинствата и специфичните групи за промовирање на партиципативната демократија на ниво на заедницата фаза 2“, имаа средба со претставничката на Општина Гевгелија г-ѓа Билјана Арџанлиева, директорот на училиштето Тони Аврамов, и професорот Андон Картова. Овој проект го реализира Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп а е поддржан од ifa/Zivik програмата во склоп на Федерална канцеларија за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На средбата односно отворената дебата, која се реализираше во отворената училница во дворот на училиштето учениците представија свои мислења и идеи за потребите на младите во училиштето и во градот. Како предлози на учениците од оваа дебата излегоа: отворање младински центар (кино сала, простор за дружба, игри за забава како пинг-понг, пикадо, куглање…), уредување на холовите во училиштето (цртање, клупи за седење), поставување на таблоата од генерации на матурнати низ внатрешните ѕидови по холовите во училиштето, поставување на чешми во дворот на училиштето, пуштање музика преку школскиот разглас за време на мали и големи одмори, обезбедување на услови за учениците кои заради превоз остануваат и после часовите во училиштето (интернет,копмјутер, простор), организирање на училишна кантина со која ќе е обезбедена праксата за учениците од угостителска струка. Имаше и предлози за активности надвор од училиштето како чистење и уредување на областа Вардарски рид (клупи, еко-пораки, еко-акции) и други идеи за подобрување на животот на младите во Гевгелија.

Треба да се пофали пресретливоста на предстваничката од општината и директорот за дискусија  и планирање на идни активности. Амфитеатарот на кој се одржа оваа отворена дебата беше уреден со средства од овој проект, конкретно со проект кој го подготвија ученици вклучени во Младинскиот летен камп, а беше финансиран со средства од овој  проект.

Автор: Центар за граѓанска иницијатива Прилеп


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи