Џафери потврди: Љубомир Фрчкоски е предложен за амбасадор во ОН

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Собранието е пристигнат предлот од МНР за професорот Љубомир Фрчкоски да биде амбасадор во Обединетите нации во САД, потврди денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција.

„За Љубомир Фрчкоски доставен е предлог од МНР, истите се доставени до Комисијата за надворешни работи, но засега не е свикана седницата“, рече Џафери.

„360 степени“ во март годинава објави дека Фрчкоски ќе замине на амбасадорска позиција во Њујорк откако претходно информациите беа дека тој ќе се пресели во Вашингтон како амбасадор на земјава во Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, тогаш надлежните институции ја прекинаа постапката за негово назначување за амбасадор во САД по кампањата што против него ја поведе Обединета македонска дијаспора (ОМД).

Фрчкоски, универзитетски професор по меѓународно јавно право и политички теории, во периодот од 1992 до 1997 година беше министер без ресор, министер за внатрешни и министер за надворешни работи. Тој му беше и надворешен советник на претседателот Борис Трајковски. Во 2009 година беше кандидат на СДСМ на изборите за шеф на државата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи