ВИДЕО – Николоски: Во ЕУ има замор од проширувањето бидејќи Македонија во случајов не напредува

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Апсолутно има замор од проширувањето во пред се големи земји членки на ЕУ, но втората работа која што мислам дека недоволно се дискутира во сите балкански земји е зошто е тој замор? Мислам дека треба отворено да зборуваме со луѓето, замор од проширување има затоа што Македонија во случајов не напредува, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас сум убеден дека ниту Франција, ниту Белгија, ниту Холандија би имале проблем Македонија утре да стане земја членка на ЕУ, не да почне преговори, ако работите овде се средени. Но во услови на 111 место за перцепција по корупција, во услови кога 4 години странски инвеститор не доаѓа во државата, во услови на уништено здравство каде луѓе живи горат во болница, јас мислам дека е логично земјите членки на ЕУ да размислуваат дека сакаат да успорат со тој процес, затоа што Македонија не напредува доволно и тоа е клучниот проблем, тоа е основниот проблем. Македонија не напредува ниту заради спорот со Бугарија, ниту заради методологијата, туку заради корипцијата и заради нарушениот систем на владеење на правото во Македонија и нарушениот социјален, образовен и здравствен систем во државата“, истакна Николоски.

Во однос на тоа дека одредени земји членки на ЕУ размислуваат за воведување повторно визи за Македонија, Николоски истакна дека и за тоа проблемот бил внатре во државата.

Видов дека Белгија размислува конкретно за Македонија, затоа што во моментот имаат голем наплив на барања за азил од Македонија. Сите знаат дека причини за барање на азил од Македонија нема, затоа што без разлика на ова ниско ниво на корупција и медиумска слобода, сепак во Македонија нема ниту војна, ниту сериозна политичка криза па за да има оправдување за давање на азил на жители од Македонија, така што сите се свесни веројатно во Белгија дека сите кои бараат азил бараат азил од економски причини. Повторно проблемот е внатре во Македонија и во оваа Влада на Зоран Заев која што треба да падне, затоа што ако некој се решава да ја напушти Македонија и да оди да седи во азилантски камп во Белгија со цел да чека азил во Белгија значи дека не може да живее во Македонија, дека народски кажано му пукнал филмот, дека не може да врзи крај со крај, 1-ви со 1-ви и решава да ја напушти државата. Така што проблемот е пак внатре, проблемот е во Македонија, не е во оние држави кои што во случајов немаат визи, а би сакале да имаат визи во Македонија. Треба да се свртиме кон себе, да ги гледаме работите внатре, да ги решаваме внатре, во спротивно ќе бидат само полоши работите од што се сега“, кажа Николоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи