Заев: Претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека Македонија е прва во регионот по транспарентност.

„Претходните сѐ криеа, а сега сѐ е јавно. А, кога сѐ е јавно, корупцијата не се исплати.

Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот.

Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот.

Со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот.

Македонија освои рекордни 83,43% во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми.

Она што е за одбележување е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата  со освоени 62% од поставените критериуми.

Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата“, напиша Заев.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи