Османи: Пораката од Брисел не е добра, но ние треба да ги убедуваме дека заслужуваме да бидеме дел од Унијата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите-членки, веќе не може да се согласи да им даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, откако еднаш им вети место во клубот, пишува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на четворица дипломати и на интерен документ на Унијата.

Министерот Бујар Османи во гостувањето на Утрински брифинг, со појаснување за овој извештај.

Во подготовките на телата на ЕУ за заедничката декларација која треба да се усвои на Самитот во Брдо се појави дилемата дали овој самит е воопшто за проширување и дали зборот „проширување“ треба да стои во тој документ, вели Османи.

„Некои го интерпретираат како продолжување на евроскептицизмот на одредени држави, што не е ништо ново, други го интерперетираат повеќе во дефинирање на конкретниот самит, дали е самит на проширување или е самит во кој само се покажува фокусот на ЕУ кон Западниот Балкан. Која варијанта и да е, пораката не е добра, но не е ништо ново. Има земји членки кои сметаат дека ЕУ претешко функционира за да може уште 6 нови земји членки да дојдат да се зачленуваат, да се закануваат со нивните права на вета, со нивните комесари“, објаснува министерот Османи.

Османи сепак вели дека не треба да се откажеме.

„Се додека доаѓа фон дер Лајен во Скопје и вели дека недвосмислена е поддршката ние само треба да продолжиме да работиме, да се покажеме, докажеме и да ги убедиме дека ние заслужуваме да бидеме таму, бидејќи тоа не ни следува по дифолт“,  рече Османи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи