Пред Споменикот на децата бегалци одбележани 72 години од граѓанската војна во Грција

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во паркот „Жена борец”, пред Споменикот на децата бегалци во Скопје, денеска беа одбележани 72 години од завршувањето на Граѓанската војна во Грција. Во организација на „Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија – Т га за југ” им беше оддадена почит на загинатите борци кои го дадоа својот живот и се одбележаа 35 години од формирањето на ова здружение.

На одбележувањето присуствуваа градоначалниците на Град Скопје и на општина Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ, советникот во Владата Милан Живковиќ, ченови на Здружението од сите градови, ученици од основните училишта…

Настапија и наградените ученици, добитници на специјалната награда „Ѓорги Доневски”. Наградата го носи името на Доневски, кој е еден од иницијаторите да се формира здружението и да се направи Споменикот на децата бегалци во 1988 година. Во негова чест и за да не се заборави културата, уметноста, историјата и голготата на еден народ, во март годинава Здружението распиша конкурс за сите основни училишта. Децата глумеа, пееја, цртаа и пишуваа, а наградените ученици ќе добијат таблети.

Присутните положија цвеќе пред Споменикот на децата бегалци. За него со години се грижеше Здружението на децата бегалци од Скопје, а од денеска грижата за споменикот ја преземаат Град Скопје и Општина Центар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи