Ројтерс: ЕУ повеќе не гарантира членство за балканските земји

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Европската унија, плашејќи се од политички реакции во земјите-членки, веќе не може да се согласи да им даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји, откако еднаш им вети место во клубот, пишува новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на четворица дипломати и на интерен документ на Унијата. Станува збор за застој во усогласувањето на декларацијата за самитот на лидерите на ЕУ и на Балканот, закажан за 6 октомври.

Според Ројтерс, тоа е ниска точка во стратегијата на ЕУ да ги вклучи во блокот Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија.

Според нацрт-декларацијата, во која имаше увид Ројтерс, на самитот, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за „својата недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан“. Но, таа помина најмалку две рунди преговори без да биде постигнат договор, рекоа дипломатите.

Државите на ЕУ нема да ги откријат своите позиции, но богатите северни земји како Данска, Франција и Холандија стравуваат од повторување на брзото пристапување на Романија и Бугарија во 2007 година.

Kредибилитетот на ЕУ е оштетен, вели Ројтерс, особено откако Франција и Холандија привремено го прекинаа процесот на проширување пред две години, а Бугарија сега го блокира.

Државите што се залагаат за проширување, вклучувајќи ги Австрија, Италија, Хрватска, Словенија и балтичките земји, ги осудуваат Германија и Франција затоа што не ја притиснале Бугарија да го укине ветото. Напредокот на Албанија исто така е запрен затоа што е поврзана со Македонија во процесот на проширување, пишува Ројтерс.

„Сѐ додека имате толку многу земји-членки, од една или од друга причина, кои веруваат дека не е правилно понатаму да се проширува заедницата на ЕУ, тогаш навистина не мрдаме од место“, рече Џон О’Бренан, експерт за интеграција во ЕУ од Универзитетот Мејнут во Ирска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи