Светски ден на срцето – апел до пациентите да продолжат со рутинска нега на срцето

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денеска го одбележуваме Светскиот ден на срцето. Министерот за здравство Венко Филипче упати апел да се охрабрат пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето, со цел да се осигурат дека ќе останат здрави.

„На овој ден, кога светот сè уште се бори со пандемијата предизвикана од Ковид-19, никогаш не сме биле посвесни за важноста на нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

Кардиоваскуларните болести се една од причините за најголем број смртни случаи во светот. Глобално, вкупно 530 милиони луѓе живеат со кардиоваскуларна болест и токму тие беа меѓу најпогодените од пандемијата, како најподложни за развивање тешка форма на болеста предизвикана од вирусната инфекција. Поради страв од заразување, многу од пациентите се плашеа да се јават на своите рутински и закажани контроли. Пациентите кои доживуваа срцев удар, го одложуваа својот итен есенцијален третман, предизвикувајќи нова здравствена криза.

На одбележувањето на овој ден, се придружува и Клиниката за кардиологија во Скопје, која е секогаш достапна за своите пациенти. Иако во моментов дел од Клиниката функционира како Ковид центар, останатиот дел работи со целосен капацитет, вклучувајќи голем број коронарни интервенции и останати дијагностички процедури за своите пациенти.

Универзитетската клиника за кардиологија и Министерството за здравство упатуваат апел и ги охрабруваат пациентите да продолжат со својата рутинска нега на срцето, со цел да се осигурат дека ќе останат здрави. Навременото третирање на болеста на срцето го намалува ризикот од компликации и обезбедува позитивен исход кај пациентите, овозможувајќи им долг и квалитетен живот“, порача Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи