ВИДЕО – Јовчески: Реконструкција на плоштадот од „Кочо Рацин“ до споменикот на Пеце Атанасовски, реконструкција на старата чаршија, монтажни гаражи


Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп Борче Јовчески, денеска ги презентираше 3-те топ проекти за центарот на градот.

„Да ги претставиме ударните 3 проекти кои ќе бидат приоритет во градот, поточно на ова локација. Тоа е реконструкција и уредување на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ од основното училиште „Кочо Рацин“ до споменикот на Пеце Атанасовски.

Потоа обезбедување на паркинг простори кои се и тоа како значајни за нашата чаршија и пазарот, тоа се 3 ударни локации и тоа позади општината, позади структурата на градската кафеана и на местото кај споменикот „Карпалак“. 

Исто така средувањето на нашата чаршија мора да го надополниме и со преуредување и реконструкција на улиците, плочникот околу нив со воведување на подземната и надземната инфраструктура во еден правец, за доброто на сите дуќанџии“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи