Боксерскиот клуб „АС“ од Прилеп во нови простории, уписите се во тек

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Боксерскиот клуб „АС“ од Прилеп од пред неколку денови е сместен во новите простории кои се наоѓаат кај старо Еуро Фуд, односно над сегашниот голем КАМ маркет Точила. По повод отворањето на новата локација на БК „АС“ тренерот Дарко Чатлески одржа демонстрација со членовите.

„Како спортиста и репрезентативец на Македонија во бокс и кик бокс сонував да тренирам во клуб со вакви услови. Но и покрај лошите услови имавме одлични успеси на меѓународно ниво. Сега спортистите можат да уживаат во тренингот и да добијат обука од многу искусен тренер. Со многу работа се надеваме на големи успеси“, вели Чатлески.

Упис на нови членови се во тек и тоа на : деца, рекреативци, девојки и такмичари. Во програмата се нудат тренинзи за правилен развој на децата, усовршување на боксерските техники, стекнување на кондиција, слабеење и зацврствување на телото.

Контакт на ЛИНКОТ.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи