ВИДЕО – Јовчески: Четири кружни текови во центарот на градот, но и реконструирани градски влезови за подобар сообраќај

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Сигурно ќе се согласите со мене дека сообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќајот и како возач, но и како пешак или велосипедист, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ за Прилеп, Борче Јовчески.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

Решавање на сообраќајните проблеми, и реконструкција на влезовите во Прилеп.

Почитувани Прилепчани и претставници на медиумите,
Сигурно ќе се согласите со мене дека сообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќај и како возач, но и како пешак или велосипедист.
Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.
Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.
Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.
Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.
Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.
Со тоа граѓаните а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.
Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој Прилепчанец ќе се гордее.
За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа!

Posted by Борче Јовчески on Thursday, September 30, 2021

„Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.

Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.

Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.

Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.

Со тоа граѓаните, а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.

Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој прилепчанец ќе се гордее. За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа!“, изјави Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи