Владата воведува бесплатен државен интернет на јавни површини низ Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од средината на следната година да се обезбеди бесплатен „WIFI “интернет на јавните површини низ државата каде најмногу се движат туристите, одлучи Владата.

Листата на локации до крајот на годинава ќе ги предлага јавното претпријатие Национална радиодифуција Скопје, како носител на проектот, а во соработка со Министерството за информатичко општество и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи.

„До крајот на оваа 2021 година институциите кои ги спомнав треба да подготват листа на локации и површини да се има бесплатен државен WiFi, а потоа другите надлежни инстутиции да водат постапка и до крајот анаприл 2022 да имаме точни информации за локации каде има WiFi“, изјави Мухамед Хоџа – Портпарол на Владата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи