Граѓани се фотографирале со лавче чувано како милениче, Анима Мунди бара одговорност

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонски граѓани се шетаат и сликаат со младенчиња од лав, поради што од Здружението за заштита на животните Анима Мунди бараат полицијата да реагира.

За да се увезе диво животно во Македонија, најпрво, тој што ќе го побара тоа, треба да поседува дозвола за извоз од државата од која излегува животното. Потоа, Министерството за животна средина и просторно планирање е надлежно за издавање дозвола за увоз на животни. Дополнително, потребна е дозвола за одгледување и хумано третирање на животните, а кај нас таква дозвола ниту е побарана, ниту е издадена, тврдат од МЖСПП за „Независен весник“.

„Тоа е диво и опасно животно. Јаде луѓе. Од она што успеав да видам од фотографиите кои се споделуваат, тоа е истото лавче, а различни луѓе се сликаат со него. Сепак, треба да се знае дека тоа е животно од семејството мачки, а за некој месец, кога тоа животно ќе почне да рика, нема да може да го скриеш никаде “, вели Војо Иванов вработен во Скопската зоолошка градина за „Независен весник“.

Реакција за ова има и од Анима Мунди.

„Итно бараме надлежните институции да спроведат истрага и да ги најдат и најстрого казнат сите оние кои во последните неколку дена се сликаат со младенчиња од лав како да се експонати, титули наместо диви животни заштитени со закон! Кој дозволил влез во државата на младеничиња од лав? Кои институции се вмешани во ова бесрамно кршење на закон?“, прашуваат од Анима Мунди.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи