Мицотакис: Не ја поддржуваме Бугарија во блокадата за Македонија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Јасна порака дека Грција не ја поддржува Бугарија во блокадата на европската перспектива на Македонија, испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговото учество на „Атинскиот демократски форум“, истакнувајќи дека тоа е „непотребна компликација“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Не. Не ја поддржуваме Бугарија. Сметаме дека е непотребна компликација“, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прашањето дали Грција е на страната на Бугарија во блокирањето на ЕУ-перспективата на Македонија.

Грчкиот премиер се осврна на претстојниот Самит ЕУ- Западен Балкан во Словенија, истакнувајќи дека оттаму треба да се прати јасна порака дека Западниот Балкан припаѓа во Европа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи