Пописот завршува денеска во 20 часот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Според последните достапни податоци, заклучно со вторникот до 20 часот во земјава попишани се 1 760 194 лица, 546 080 домаќинства и 789 406 станови.

Денеска завршува пописот на населението, домаќинствата и становите и според последните изјави од Државниот завод за статистика (ДЗС), нема да се бара негово продолжување.

Иако беше отворена можноста за продолжување на рокот на пописот, од Државниот завод за статистика (ДЗС) велат дека пописот ќе заврши во предвидениот рок, на 30 септември во 20 часот.

„Нас ни е битно да бидат опфатени сите објекти за домување. Ние имаме своја технологија по која го следиме процесот и ќе знаеме дали и кога точно ќе го завршиме процесот. Согласно сегашните процеси, очекуваме и уверени сме дека ќе завршиме во законскиот рок“, изјави Директорот на ДЗС Апостол Симовски за МИА.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи