Рурална Коалиција со свој штанд и презентација на „Денот на граѓанските организации“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


„Рурална Коалиција по трет пат учествува на фестивалот „Ден на граѓанските организации“ во организација на програмата Цивика мобилитас, на кој што главна тема за годинешниот фестивал беше “30 години граѓански активизам“. Со ова, Фестивалот на Цивика мобилитас се приклучи кон одбележувањето и прославата на 30 години независност на Македонија. Официјалното отворање на настанот го имаше нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија. На фестивалот учествуваа над 90 граѓански организации кои што делуваат во сите сфери на општественото живеење, како на локално, така и на национално ниво.

Да се биде дел од најголемото семејство на заедницата во граѓанското општество е чест и привилегија, меѓутоа воедно и силна обврска и посветеност да придонесете колку што можете повеќе! Токму тоа се обидовме да го направиме ние на 4-тиот по ред фестивал на граѓански организации во организација на Civica Mobilitas и да покажеме колку ни е важен руралниот развој во нашата земја, но и да ја најавиме првата платформа за продажба на земјоделски производи произведени од страна на жени од руралните средини,  производи кои што исто така беа дел и го красеа нашиот штанд.

На самиот настан, Рурална Коалиција освен што го промовираше руралниот развој и потребата од вложување во истиот, а во насока на создавање на одржливи рурални заедници, на самиот штанд ја промовираме работата на првиот локален центар за е-владеење кој што е директна поддршка за земјоделците при користењето на е-услугите, кој што се наоѓа во Кичево, но исто така зборуваме со посетителите на фестивалот и за климатските промени и ранливоста на земјоделството од истите.

Рурална Коалиција исто така подготви и пакет со македонски земјоделски производи произведени од вредните раце на нашите жени од руралните средини, како и традиционални изработки во знак на благодарност кон H. E. Сибил Сутер Тејада , Амбасадорка на Швајцарија, за нејзиниот неуморен ангажман и поддршката на Швајцарската амбасада  на граѓанското општество кај нас токму преку програмата на Civica Mobilitas.

30-те години на рурален граѓански активизам, Рурална Коалиција ги одбележа со пораката дека ако нашата држава важи и е препознаена како рурална земја сите капацитети треба да се вложат токму таму за да епитетот кој што се користи стане реалност и навистина придонесе кон градењето на одржливи рурални заедници.

 Автор: Рурална Коалиција

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи