Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинирани Македонци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Холандија го укинува задолжителниот карантин од 10 дена за целосно вакцинираните патници од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Македонија, соопшти министерството за надворешни работи (МНР). Исто така, и Шведска ја укинува привремената забрана за влез во земјата за нашите граѓани.

„Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање“, соопштија од МНР.

Оттаму додаваат дека поради високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки се најавени и од Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи