ЧЕ ВРЕДИ: Редно е Прилеп да добие Младински културен центар 

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Редно е градот да добие Младински културен центар.  Градска установа која врз основа на претходно изготвена програма за работа и финансиска рамка, ќе располага со свој буџет кој ќе овозможи реално и неселективно финансирање на културните активности на младите, се вели во соопштението на граѓанската иницијатива „ЧЕ ВРЕДИ“.

„Место каде младите ќе имаат можност да ги реализираат своите индивидуални или колективни замисли, идеи и проекти од полето на културата и уметноста.

Место преку кое образовните установи (основните и средните училишта) ќе имаат можност да ги реализираат вон наставните активности со учениците од разни секции и соодветно да ги презентираат преку вклучување во полугодишни и годишни програми за работа на МКЦ.

Да им овозможиме на младите место каде ќе имаат можност да се реализираат заедно и еднакво“, велат од ЧЕ ВРЕДИ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи