Јовчески: Подобра бизнис клима, стоп на миграцијата и партиските вработувања, нови сообраќајни решенија, уредување на реката, фабрика за рециклирање на отпадот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Гостин во ова издание на емисијата Инфо Регион е Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Со Јовчески поразговаравме за заканите упатени кон него и неговото семејство, кој стои позади сето тоа и дали има разрешница целиот случај.

Јовчески го прашавме и тоа зошто се почесто лекарите можеме да видиме како се приклучуваат кон политиката и која е причината за тоа.

Неговото главно мото за да се впушти во политичките води било тоа што во секојдневните средби со граѓаните и со своите пациенти постојано слушал дека тие имаат огромни проблеми кои власта не сака да им ги реши и тоа што градот бил уназаден на секое поле во последните 4 години.

Во интервјуто ќе слушнете како планира да ја подобри бизнис климата во Прилеп. Што со индустриските зони Прилеп 1, но и ТИРЗ. Како до решавање на проблемот со застојот на урбанистичкиот сектор во Прилеп, на што најмногу се жалат бизнисмените.

Кои се неговите топ проекти, дали доколку стане градоначалник ќе ја продолжи 30 годишната пракса на полнење на јавната администрација со партиски војници, како планира да ја стопира миграцијата, што со спортот, културата и заштитата на животната средина. Дали ќе тропне на маса да престане децениското пропаѓање на најзначајните културно историски споменици во Прилеп?

Дали Јовчески ќе има храброст да се соочи со дрвната мафија која за 30 години ги опустоши планините околу Прилеп, а никој досега нема преземено ништо?

Зошто Прилеп е лидер по смртност од Ковид 19 во Македонија?

Повеќе погледнете во интервјуто.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи