16 новозаразени и 6 оздравени од корона во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 494 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 231, Куманово – 49, Велес – 31, Штип – 24, Кавадарци – 23, Охрид – 19, Кичево – 17, Прилеп и Кочани – по 16, Струмица – 12, Битола – 8, Струга – 7, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Делчево – 4, Неготино, Радовиш и Виница – по 3, Свети Николе, Крива Паланка, Берово, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Ресен, Валандово, Кратово, Демир Хисар, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 474 оздравени пациенти од: Скопје – 272, Куманово – 30, Битола – 18, Штип – 16, Велес  и Тетово – по 14, Кавадарци – 13, Кочани – 12, Кичево и Радовиш – 10, Струмица – 8, Прилеп – 6, Крива Паланка, Ресен и Кратово – по 5, Гевгелија, Свети Николе и Гостивар – по 4, Неготино, Виница, Берово, Македонски Брод, Валандово и Дебар – по 3, Демир Хисар и Пехчево – по 2, Охрид и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (94г, 78г, 70г, 68г, 61г и 49г), 2 починати лица од Кавадарци (77г и 63г) и по едно починато лице од Куманово (66г), Охрид (72г), Крива Паланка (59г) и Македонски Брод (74г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 10 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 29.09.2021 година. Починатите лица се по 6 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Куманово и по едно починато лице од Валандово и Гостивар, на возраст од 52 до 88 години. Од пријавените лица 1 е починат во домашни услови, а 9 лица се починати во болнички услови.

Направени се 3.425 тестови преку: ИЈЗ-493, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-69, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–56, ЦЈЗ Куманово-53, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-2, лабораторија болница Козле-20, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–175, Жан Митрев (Филип Втори)-78, Авицена-144, Биотек-190, Систина-98, лабораторија Лаор-116, Синлаб-21, Ремедика-11, Плодност–29, Генеа-2, Никоб лаб-349, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-45, Ројал Медика –7,  ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.322.

Досега во земјата се направени вкупно 1.289.516 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 191.408 бројката на оздравени пациенти е 172.653, на починати е 6.668, а бројот на активни случаи изнесува 12.087.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи