Бочварски: Владата вложува во реконструкција и изградба на современи и безбедни патишта

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Владата на Република Македонија вложува во реконструкција и изградба на современи и безбедни патишта кои го променија изгледот на Истокот.

При денешниот увид на реконструкцијата на локалниот пат до село Цера, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски додаде дека преку ваквите активности олеснето е функционирањето, скратено е времето за патување и модернизирани се патните правци за да можат граѓаните безбедно да патуваат.

„Сите општини ни се важни. Денеска сме заедно на увид на реконструкција на локалниот пат кој води кон селото Цера, пат кој со години наназад беше оставен во лоша состојба. Со средства преку Министерството за транспорт и врски, заедно со локалната самоуправа, го решаваме и овој проблем на граѓаните. Активностите на терен се започнати. Инвестицијата за негова реконструкција изнесува 16 милиони денари, рече Бочварски.

Ова, како што додаде тој, не е единствениот пат кој во овој момент е ставен на приоритетна листа во Министерството.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи