Ескобар: САД се надеваат дека Македонија и Албанија ќе започнат преговори со ЕУ оваа година

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Габриел Ескобар на онлајн средба со бугарските медиуми изјави дека САД се надеваат дека Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство со ЕУ во текот на оваа година.

„Се надевам дека сите европски држави ќе ја разберат стратешката важност од тоа да им дозволат на овие две држави да ги започнат преговорите за членство. Се надевам дека Европската унија, како и одделните земји членки, ќе ја осознаат стратешката важност на европската интеграција на балканските држави“, порача Ескобар.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи