Приближување на дигитализацијата и е-услугите во руралните средини кон нивна секојдневна употреба


Одржливото земјоделство е во срцето на „Целите за одржлив развој” на Обединетите Нации (ОН) и првиот основен чекор кон обезбедување на свет без глад (zero hunger). Согласно со Агендата на ОН, до 2030 година треба да бидат обезбедени одржливи системи за производство на храна и да се спроведат одржливи земјоделски практики што ја зголемуваат продуктивноста и производството, кои помагаат во одржување на еко-системите, кои го зајакнуваат капацитетот за прилагодување кон климатските промени, екстремните временски услови, сушата, поплавите и другите катастрофи и кои постепено го подобруваат квалитет на земјата и почвата.

Еден од начините како да се постигне одржливото и современо земјоделство е во секој случај дигитализацијата, и тоа како на самите процеси во земјоделското производство, така и во однос на зголемувањето на дигиталната и компјутерска писменост на земјоделците и населението во руралните средини. Рурална Коалиција во рамките на проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“ активно работи на доближување на процесите на дигитализација и е-услугите во руралните средини, а последниот подвиг кој што го направи на овој план е изработката на 2 едукативни видеа кои што на лесен и едноставен разбирлив јазик за сите граѓани во детали објаснуваат 2 најзначајни процеси кога станува збор за земјоделците, а тоа се: добивањето на е-услуги од институциите на системот преку националниот портал каде што во детали се објаснува процесот на аплицирање за добивање на е-услуги од националниот портал https://uslugi.gov.mk/.

Ваквото видео треба да го олесни процесот на дигитализација во руралните средини и да го зголеми користењето на е-услугите од страна на земјоделците и населението во руралните средини, а во исто време да им заштеди на средства и на време кое што треба да го поминат пред шалтерите во различните институции за да ги добијат потребнитев документи кои што сега се достапни и електронски директно во нивниот дом. Второто, пак видео, на практичен и едноставен начин го објаснува и разјаснува електронското аплицирање за директните плаќања, односно субвенциите како најголема финансиска поддршка во секторот земјоделство и рурален развој. Видеото има за цел да го зголеми електронското аплицирање за субвенции страна на земјоделците и на таков начин да ги направи достапни електронските услуги на институциите до граѓаните, а кои што во исто време штедат и време и пари и ги прават услугите достапни до вратата на секое земјоделско стопанство. Рурална Коалиција е една од трите организации кои што управуваат со локалните центри за е-поддршка кои што се финансиски поддржани во рамките на проектот Зголемување на граѓанското учество во реализацијата на Дигиталната агенда.

Видеата се достапни на Youtube каналот на Рурална Коалиција на следните линкови:

Едукативно видео: Како брзо и едноставно до е-услугите достапни на Националниот портал uslugi.gov.mk – https://www.youtube.com/watch?v=_OOTklpiO7c&t=14s

Едукативно видео: Електронско аплицирање за директни плаќања (е-субвенции) – https://www.youtube.com/watch?v=vLjthxHaOwE&t=12s

Паралелно со ваквиот едукативен дел се организираат и отворени денови на терен каде што се доближуваат и практично се аплицира за е-услуги и субвенции на терен во соработка со локалните општини и институции кои што се јавуваат како партнери во проектот.

Автор: Рурална Коалиција

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи