ВИДЕО – Милевски : Како е можно да има 1.800.000 жители и 1.800.000 избирачи, кој ќе одговара за граѓаните кои се фиктивно на избирачкиот список

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во Советот треба да влезат луѓе со ум и со разум. Треба да влезат луѓе кои не размислуваат за паушал, кои што не одат таму само да со го земат паушалот, туку одат да работат во интерес на граѓаните на Прилеп. Истакна денеска во Прилеп, претседателот на ЛДП, Горан Милевски.

„Одат таму за да ги решат вашите проблеми, вашите проблеми во улицата, вашите проблемии до работнотко место, вашиите проблеми онаму каде што излчегувате или одите во паркот за да се одмориите. На Прилеп му требаат повеќе паркови, на Прилеп му треба хумано планирање на просторот. На секоја зграда и треба парк, паркинг простор, треба место каде што ќе играат децата“, рече Милевски.

Тој изрази и сомнеж во резултатите од пописот.

„А кога сме кај децата сакам да се префрлам на една политичка тема. Деновиве заврши пописот, во Македонија имало 1.800.000 жители, така кажа Заводот за статистика кој го организира овој попис. Од друга страна ДИК вели дека во Македонија има 1.800.000 избирачи, тоа значи дека кај нас секое новороденче веднаш се стекнува со право на глас. Во Македонија сите имаат право на глас. Е сега кој е во право ДИК или ДЗС и двата се државни органи. Дали е ова прашањето поради кое што инсистираше и опозицијата и сите да не се одржи попис во пролетта. Дека ќе ја дознаеме вистината, дека кај нас нема 1.800.000 избирачи, дека имаме сомнителен список, кој ќе одговара за овие стотици илјади граѓани кои се фиктивно на избирачкиот список“, запраша Милевски.

Милевски рече дека и тоа нема да ги поколеба да изберат советници чувари на општините.

„Да избереме советници од кои шпто ќе зависи Советот. Советниците ќе бидат оние кои ќе одлучуваат за мнозинството во Советот и тоа е добро да се случи. Добро е да се случи граѓаните да одлучуваат во Прилеп за се и да знаат се што се случува во Општината. Нема повеќе да се договараат тендери, неме повеќе да царува урбаната мафија во градовите. Затоа овие советници ги крстивме чувари на вашиот град“, потенцираше Милевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи