ВИДЕО – Морачанин: Недозволиво е во 21 век да бидеме преплавени со ѓубре и да имаме проблеми за водоснабдување и канализации

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Движењето се иницираше и потекна од нас самите, од граѓаните, кои гледаа дека постојано им е доста и од едните и од другите и дека за овие 30 години постојано се менуваат двата големи блока, а граѓаните никако да ги дочекаат во реалноста тие големи ветувања кои што им се ветуваат пред секои избори. Ова вечерва во Прилеп го потенцираше Маја Морачанин, претседателка на ДОМ.

„И затоа рековме дека ќе ги отвориме нашите партии за граѓаните. За сите оние чесни, искрени, добронамерни луѓе кои што сакаат да придонесат за сите нас заедно да живееме здрав и квалитетен живот во нашите градови и во нашите села. Она што е важно дека нас не води истата визија и идеја, дека ние сите заслужуваме да живееме подобро, во чиста и здрава животна срдина, да имаме економска благостостојба, нашите деца да не трагаат по среќата надвор од државата. Дека сакаме да имаме еден пристоен нормален живот.

Недозволиво е во 21 век се уште нашите градови и села да бидат преплавени со ѓубре, да слушаме дека се уште е проблем снабдувањето со чиста вода за пиење или канализации. Дека еве на пример во Прилеп нема кино. И потоа велиме нашите млади да останат овде во Прилеп. Па нормално е дека младите сакаат да ги уживаат сите придобивки на 21 век како сите нивни врсници ширум светот“, рече Морачанин.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи