ВИДЕО – Станкоски: Советниците парите да ги донираат во Фондација за деца со ретки болести, донација на скелиња за тутунарите, автобуски линии до селата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ние направивме една кратка програма во овој момент, тоа е дел од нашите идеи за кои се надеваме дека ќе имаме можност да ги оствариме. Значи пред се тоа се однесува на проблемите со кои се судруваме сите во градов, а најголем проблем е сообраќајниот хаос. Истакна на вечерашниот митинг во Прилеп, носителот на листа за советници за Прилеп на движењето за промени ЛДП и ДОМ, Јане Станкоски.

„Предлагаме неколку кружни текови, предлагаме зголемување на автобуските сообраќајни линии до околните места. Нашите сограѓани од селските средини Мажучиште, Лагово, Коњари, Канатларци, не одат автобусите до таму. Сакаме развој на Мариовскиот регион, нема автобуска линија, како да се развива тој регион? Имаме идеја да го развиваме органското производство на храна во мариовскиот регион, како да појдат луѓето таму ако пред се нема автобуска линија. Исто така имаме идеја и конечно да се реши и паркингот во градот. Ова што го направија сега нашите коалициони партнери, градоначалникот како го викавме, може да се среди, тој го направи тоа, ама ја уништи чаршијата и го уништи градот. Убаво изгледа сето, туристи што идат од страна го поздравуваат, викаат зошто се жалите, но има проблем, значи ние сакаме сето тоа да го решиме пред се со 2 катни гаражи и конечно решавање на катната гаража кај реката. Мора да се реши тоа, таа е изградена и мора да се најде начин да се реши“, рече Станкоски.

Станкоски вети и конечно решавање на статусот на двете спортскии сали „Македонија“ и „Универзална сала“. Исто така најави дека ќе го донира својот хонорар како советник.

„Кино немаме во градов, значи ние сме тие што прво нешто што би предложиле е конечно да имаме кино. Значи град од 70-80.000 жители немаме кино, срамота. Не е тешко, не е спорно, не е ништо голем проект да кажеме дека ќе направиме кино. Прво нешто што ќе го направиме е фондација за деца со ретки болести од општина Прилеп. Овде изјавувам јавно дека мојот паушал што би го добивал доколку бидам избран во Советот ќе го донирам во таа фондација. Значи имаше и претходно најави од кандидати за советници дека ќе го донираат својот паушал, но не кажаа каде. Значи ги повикувам сите заедно да смогнеме сили, колку се сите средства, сигурно сите не одиме таму за тој паушал да се кандидираме, да го донираме за таа фондација, значи точно кажуваме каде, не само имагинарно јас ќе го донирам тоа“, додаде Станкоски.

Станкоски вети и донација на скелиња на сите тутутунопроизводители ии решавње на комуналните проблеми во руралните области.

„Сакаме да поведеме иницијатива за донација на скеле за тутун на секој тутунопроизводител, воедно одредување на место за да си садат расади луѓето. Не треба да се срамиме од тутунот. Мојата пресметка е дека околу 50 милиони евра влегуваат во градот од тој тутун, значи тутунот треба да биде гордост на овој град и така да го гледаме тоа, не да ги тераме луѓето да си ги собираат скелињата, оти било грдо во околните населби па да си ги соберат скелињата, значи само ги малтретираме луѓето. Тоа ќе биде една наша заложба, дел од нашата заложба за земјоделството, како и органското производство на храна како што кажав претходно. Наша идеја е да го сертифицираме целиот мариовски регион кој сите знаеме дека е многу голем дел од Македонија. Значи со сертифицирање на целиот регион, се што ќе биде произведено таму да добие сертификат на органска храна, за која што моментално во светот има огромна побарувачка, не знам колку знаете за тоа, но сигурно сте слушнале. И да се надоврзам на тоа, нашата заложба е тие селски средини околу Прилеп, тие наши сограѓани, максимално да се заложиме да ги решиме комуналните проблеми, како што кажав претходно превозот пред се. Но таму има потреба и урбана опрема да се постави, тоа рурално, рурално, рурално и остана рурално, ние сакаме руралното да стане урбано“, рече Станкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи