На 9 и 10 октомври во Прилеп 21-во издание на меѓународниот детски музички фестивал Ѕвездички

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 9 и 10 октомври во Прилеп во домот за култура „Марко Цепенков“ ќе се одржи 21 издание на меѓународниот детски музички фестивал Ѕвездички.

Во текот на овие 21 години на фестивалот учествувале учесници од Аргентина па се до Кина.

Интернационалниот детски музички фестивал “Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со авторска песна на јазикот на земјата од каде што доаѓаат. На фестивалот учествуваат деца од целиот свет на возраст до 14 години. Се одржува секоја година во првата половина на октомври во градот Прилеп.

После одржувањето на Фестивалот најдобрите учесници од Македонија официјално ја претставуваат земјата на најголемите детски фестивали низ светот.

Според протоколите за заштита од Ковид 19 салата е дозволено да биде исполнета само 30% со публика. За возрасните за влез е потребен негативен ПЦР тест или сертификат за вакцинација.

Билети ќе се продаваат на билетарница од понеделник.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи