ВИДЕО – Кузманоска: Повеќе од 20 дена властите не сакаат да одговорат колку е безбедна модуларната болница во Прилеп?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Неполн месец по големиот пожар во модуларната болница во Тетово во кој животот го загубија 14 наши сограѓани, сите прашања останаа неодговорени. Јавноста ревносно бара одговори а министерот Филипче заедно со Вице Заев одмара на плажа и говори на партиски настани и трибини. Одговори колку е безбедна модуларната болница во Прилеп нема и од локалните власти и од директорката Кети Смилеска. Истака денеска на прес конференција Билјана Кузманоска, кандидат за советник за Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа на 9 септември, ден после трагичниот настан во Тетово, ВМРО ДПМНЕ Прилеп уредно достави барање за пристап до информации од јавен карактер до градската болница „Борка Талески” Прилеп во кое побара да се обезбеди одговор на следните суштински прашања поврзани со безбедноста на модуларната болница:

  • Дали постои технички прием на модуларната болница, кога е извршен приемот и доколку постои технички прием истиот да се достави на увид?
  • Дали постои план за заштита и спасување од пожар, експлозии и опасни материи и доколку постои да се достави на увид?
  • Колкав број на противпожарни апарати има во модуларната болница?
  • Целокупна писмена документација поврзана со спецификацијата на противпожарните апарати вклучително и договор за нивна набавка.
  • Дали во модуларната болница има инсталирано детектори за чад, детектори за гасови и протипожарен аларм?
  • Дали при градбата има документирани записници за технички забелешки, и доколу да кои се тие забелешки и дали е постапено по истите?

Од денот на поднесувањето до денес одговор не добивме иако согласно Член 21 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Имателот на информацијата е должен веднаш да одговори по барањето на барателот, а најмногу во рок од 20 дена од приемот на барањето.

Со ова се отвара основано сомнение дека се направени голем број суштински и безбедносни пропусти при изградбата, приемот и менаџирањето на модуларната болница и на ризик се изложени пациентите и персоналот во истата.

Јавно ги повикуваме сите надлежни институции детално и крајно сериозно да ги испитаат погоре наведените сомневања и да спречат повторување на уште една несакана трагедија.

Прилеп е град со највисока стапка на смртност во Македонија. 450 Прилепчани починаа од Ковид, а Македонија е прва во Европа по смртност. Овие трагични бројки се неуспех на владата и локалната власт на СДСМ добро да ја менаџираат кризата. Коцкањето со човеки животи мора да запре веднаш.

Промената доаѓа! 17 октомври е денот кога граѓаните заедно со ВМРО ДПМНЕ ќе си ја вратат слободата, квалитетното здравство и довербата во системот“, кажа Кузманоска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи