Че вреди : Зимска служба во рамките на ЈКП Комуналец Прилеп, со заштедата ќе се изгради фабрика за рециклирање на отпад

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во рамките на ЈКП Комуналец Прилеп, ќе се формира „Зимска служба“ за одржување на улиците и патиштата во Прилеп, која ќе обезбеди сопствен возен парк, четири годишна заштеда од преку 700.000 евра и нови работни места. Истакнаа во денешното соопштение од граѓанската иницијатива „Че вреди“.

„Секоја година од Буџетот на Општина Прилеп се трошат во просек по 230.000 евра за зимско одржување на улиците и патиштата, или вкупно во четири години за оваа јавна услуга општината троши безмалку 1 милион евра. Од само едногодишна јавна набавка за оваа услуга до денес општината имала можност да набави две сопствени и целосно опремени нови возила за зимско одржување на улици и патишта, да заштеди повеќе од 700.000 евра од парите на граѓаните и да продуцира нови работни места.

  • За чисти улици во зима посолени со сол а не со песок, за чист воздух потоа наместо прашина
  • За чисти и одмрзнати тротоари и пешачки патеки во зима
  • За да покажеме домаќинско штедење а ефикасна услуга
  • За да не ја оштетуваме атмосверската канализација и да спречиме поплави на улиците

Од „Че вреди“ потенцираат дека ќе се доврши проектот за изградба на „Фабриката за рециклирање на отпад“ кај депонијата „Алинци“ со линијата за секундарна селекција на отпад.

Проект кој чини, не повеќе од 700 000 евра. Исто толку, колку што изнесува заштедата од набавката на сопствени возила за потребите на зимската служба. На таков начин ќе се обезбеди заштита на здравјето на граѓаните и животната среднина, ќе се обезбеди подобрување на еколошките аспекти на целиот регион, ќе продуцира нови работни места и ќе остварува тројно поголема добивка во работењето.

  • За повеќе да не можат да ја користат депонијата која гори, за политички кампањи
  • За да дишиме чист воздух и за да се погрижиме за животната средина
  • За нови работни места кои ќе продуцираат добивка
  • За конечно да го затвориме прашањето околу депонијата

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи