Јовчески: Нема да бидам дел од дебатите на медиумите поради нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство


Во оваа изборна кампања имам покани за учество на дебати од неколку медиуми во Скопје. Дебатите се пожелни, но во мојот случај замолувам за разбирање што нема да бидам дел од истите, заради нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство. За изнесените закани им благодарам на медиумите кои ги пренесоа, тоа многу ми значеше. Вели во денешното соопштение кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Борче Јовчески.

„Оваа одлука ја донесов лично, затоа што заканувачот се уште е на слобода и за жал од надлежните институции до денес не е преземено ништо. Во ОВР Прилеп исто така доставив и доказни материјали. Искрено верував дека МВР ќе превземе навремени мерки и ќе го расчистат случајот кој не му доликува ниту на Прилеп, ниту на Македонија.

Противкандидатот е од истата политичка партија со оние кои се на чело на надлежните институции, но сметам дека тоа не треба да биде пречка институциите да ги штитат сите граѓани подеднакво, без разлика дали се или не се политички истомисленици со актуелната власт. 

Во вакви нефер околности сепак постои место за политички дуел, а тоа е дуелот на изборниот ден, 17ти октомври, кога народот ќе ги даде сите одговори“, искрено, Д-р Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи