ВИДЕО – Талевски: Бегството на Јовчески од најавените ТВ дебати е признавање на поразот кој му следи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


После унгарскиот, ВМРО-ДПМНЕ даде уште еден бегалец. Прилепски бегалец. Ако криминалецот Груевски избега од државата за да не ја одлежи затворската казна, Борче Јовчески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, избега од телевизиските дебати заради стравот од соочување со кандидатите на останатите партии. Истакна на денешната прес конференција  Миле Талевски – претседател на ОО СДСМ Прилеп.

„Вчера објавеното известување на Јовчески, дека нема да биде дел од дебатите заради наводно „нерасчистени јавни закани по неговиот живот“, е провиден и ефтин трик за замајување на јавноста и потценување на интелигенцијата на граѓаните.

Одбивањето на Јовчески да се појави на јавно соочување со другите кандидати кои претендираат на градоначалничката функција, претставува политички скандал каков што Прилеп не памети.

Граѓаните имаат право да знаат што е тоа што кандидатите им го нудат на граѓаните, како своја визија за развој на општината. Телевизиските дебати се најдобриот начин за тоа. За жал, ВМРО-ДПМНЕ и Борче Јовчески избегаа од соочувањето, се скрија од граѓаните.

Вистината е една: ВМРО-ДПМНЕ го крие својот кандидат од очите на јавноста, го крие од вас!

Бегството на Јовчески од сите најавени јавни соочувања на кандидатите за градоначалник, од сите закажани дебати на централните и локалните медиуми, не е ништо друго освен признавање на сопствената инфериорност во однос на останатите кандидати.

Во секоја развиена демократија, одбивањето на било кој кандидат за јавно соочување со противкандидатот од спротивната политичка опција, значи крај на неговата политичка кариера.

Господа од опозицијата, на Прилеп му треба храбар лидер. На Прилеп му треба градоначалник кој ќе ги решава проблемите на граѓаните, не од нив да бега. Вашиот кандидат, Борче Јовчески, не е она што во овој момент им е потребно на Прилеп и прилепчани.

Со вашиот кукавички потег, јасно ставивте на знаење дека сте свесни за некомпетентноста на вашиот кандидат, за неговата елементарна неподготвеност да застане на чело на општината. Признавајќи го тоа, на две недели пред локалните избори, вие потпишавте капитулација и го признавте изборниот пораз“, истакна Талевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи