Д-р Ристовски: Секој втор кој прележал ковид-19 се жали на срцебиење и нестабилен крвен притисок

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Доктор Владимир Ристовски кој работи ковид-центарот во „8ми Септември“ во интервју за ТВ 24 вели дека бројот на пост-ковид компликации е зголемен во  однос на летниот период.

„Пост ковид компликациите ќе ги поделам на 2 типа: минорни и мајорни. Минорните секојдневни во нашите амбуланти. Срцебиење, варијации на крвниот притисокот и недостиг на воздух и секој втор пациент што прележал Ковид-19 се жали на тие симптоми. Мајорните се срцевиот инфаркт, чиј број е намален во однос на претходните бранови, но сепак се присутни“, вели Ристовски.

Во однос на зголемената смртност кај младите пациенти, д-р Ристовски вели дека скоро сите млади хоспитализирани пациенти биле невакцинирани.

„Скоро 95 % беа невакцинирани пациенти, а најчесто тие млади пациенти имаа некој коморбидитет или зголемена телесна тежина. Меѓутоа, има и пациенти коишто се со помлада возраст, но без коморбитет и со потешка клиничка слика“, објаснува тој.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи