Заев: Граѓаните кои доаѓаат самоиницијативно на партиските митинзи не држат дистанца

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Тој вели дека тие како организатори прават се за почитување на протоколите, но проблемот настанува што самоиницијативно доаѓаат дополнителен број луѓе.

„Јас само ќе апелирам да се обратите до соодветните институции да ви дадат одговор затоа што овде сум како премиер, не би сакал за партиски работи да одговарам. Столчињата на митинзите се разместени согласно протоколите, веројатно проблемот е тоа што дополнително луѓе доаѓаат од страните, кои не ја спазуваат неопходната одалеченост и целосното почитување на протоколите. Сите си ветивме дека ќе направиме сè, имајќи  предвид дека работиме со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно, но ќе направиме сè за почитување на протоколите“, рече премиерот Заев.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи