Зимско сметање на времето – стрелките на часовникот и годинава ќе се поместат за еден час наназад

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Иако Европската комисија (ЕК) пред 3 години предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, земјите -членки се уште не се согласија за тоа, па веројатно Европејците ќе продолжат да ги поместуваат стрелките на часовникот и во лето и во зима, секоја последна недела во март и последната недела во октомври.

„Во недела, на 31 октомври, ќе ги поместиме стрелките“, соопшти во петокот портпаролот Стефан Де Керсмакер.

Промената на часовникот требаше да престане во 2019 година, откако поранешниот претседател на ЕК, Јан-Клод Јункер, го предложи за целата Европска унија во 2018 година, при што членовите останаа да одлучат дали ќе го задржат летното или зимското сметање на времето.

Одлуката дали една земја -членка ќе го земе летото или зимата како трајно зависи од нејзината географска локација и затоа е тешко да се очекува договор за предлогот на ЕК.

Постојат три временски зони во Европската унија и најголемата е Централна Европа од Полска на исток до Шпанија на запад.

Ако сите земји од таа временска зона земат, на пример, постојано летно сметање на времето, во Шпанија, Белгија, Холандија, Данска, сонцето ќе изгрее само во средината на утрото во зима, а во северозападниот дел на Шпанија околу 10 часот.

Во случај да ја земат зимата како постојано време, сонцето ќе изгрее во источна Полска во три наутро, во Варшава во 3 часот и 15 минути и во Берлин во 3 часот и 44 минути.

Од дрга страна, доколку земјите на запад и север од континентот влезат во западноевропската временска зона, што би било природно, би настанале нови компликации бидејќи Франција и Германија би паднале во две различни временски зони.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи