Се очекува храната да поскапе за 40 до 50 %, раст и на цената на струјата, предупредува Стопанската комора

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Ценовен шок ги очекува граѓаните до Нова Година, предупредуваат од Стопанската комора. Во моментов цените на основните прехрамбени продукти се повисоки од 5 до 10 проценти, објави Телма.

Но следните месеци се очекува храната да поскапе 40 до 50 проценти како резултат на глобалните случувања плус процентот од енормниот раст на цената на енергенсите. Од комората бараат итна средба со Владата.

Покрај последиците од пандемијата, снабдувањето со електрична енергија во наредните години ќе биде прашање со кое ќе се занимаваме 24/7, предвидува претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи