Претставници на Австриската организација Wien Work во посета на ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во посета на ЛАГ АГРО ЛИДЕР беа господинот Christoff Shreiner и госпоѓата Waltraud Schober – претставници на Австриската организација Wien Work која во изминатиов период пилотираа програма за поддржано вработување во нашата држава. Пет граѓански организации, меѓу кои и ЛАГ АГРО ЛИДЕР под менторство на Wien Work воспоставија програми за младинско вработување преку услуги за поддржано вработување кои придонесувaaт кон намалување на невработеноста преку поврзување на невработени млади лица со потенцијални работодавачи.

Република Австрија е една од државите на ЕУ која забележува значајни резултати преку воспоставени програми за вработување, за што доволен показател е стапката на невработеност од 6%. Факт е дека владините и невладините програми во Австрија се целосно фокусирани на воведување на правилни политики и програми на пазарот на трудот, а програмите на Wien Work се познати по својата успешност не само во Австрија, туку и во земјите на ЕУ и пошироко.

Со менторска поддршка на Wien Work, ЛАГ АГРО ЛИДЕР преку обучени младински коучи (тренери) е давател на услуги за поддржано вработување на млади. Програмата за поддршка до вработување им обезбедува советување и поддршка на маргинилизираните групи на млади, НЕЕТ млади, млади само со примарно образование, и млади со образование без професионална ориентација, преку зајакнување на нивните вештини, креирање на перспективи соодветни на индивидуалните способности на корисникот, унапредување на работните способности преку индивидуална поддршка насочена кон зајакнување на вештини, откривање на професионалните интереси на корисниците и обезбедување на обуки и вработување.

Оваа австриска програма е во согласнот со концептите на зајакнување и социјална инклузија овозможувајќи поврзување на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор со цел нивно заедничко делување за интегрирање на младите лица на пазарот на трудот. ЛАГ АГРО ЛИДЕР преку оваа програма забележа значајни резултати: 2 млади лица добиjа втора шанса односно враќање во образовен процес и стекнување со диплома за завршено средно образование, 6 лица се вклучени во програма за практиканство, 2 лица добија професионална преквалификација, а за 8 млади лица се обезбедени работни места.

Поддршката на Wien Work и Федералното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи преку услугите за поддржано вработување на млади овозможи професионална и социјална интеграција на млади лица, намалување на стапката на невработеност и социо-економски развој во опшините каде се достапни овие услуги.

Оваа успешна приказна потребно е да се мултиплицира и во останатите општини во нашата држава, за да овозможиме еднакви можности за економска независнот и социјална вклученост на младите, а претставниците на Wien Work имаат желба да дадат поддршка за воспоставување на овие услуги.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи