Светски ден за заштита на животните

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Денес е Светски ден на животните.

Целта на одбележувањето на овој ден е подобрувањето на статусот на животните за да се унапредат стандардите на нивното живеење на глобално ниво. Денот за прв пат е одржан во 1925 година со цел  привлекување внимание за прашањето за благосостојба на животните низ целиот свет преку поттикнување на бизниси, училишта, клубови и други општествени чинители да организираат и учествуваат во разни настани на Светскиот ден на животните, со цел подобрување на животот на сите животни.

Денеска, организациите и љубителите на животни од целиот свет го привлекуваат вниманието на општеството во нивните земји на потребата за похуман третман на сите живи суштества.

Со Законот за заштита на животните во Македонија се пропишуваат минималните барања за заштита и благосостојба на животни во однос на нивното одгледување, чување, грижа и сместување, заштита  при фармско држење.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи