Филипче: Пожелно е партиите да најдат начин од присутните на митинзите да бараат вакцинални сертификати

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На митинзите на отворено кои во рамки на предзиборната кампања за локалните избори ги организираат партиите, иако нема официјална препорака за носење маска, пожелно е таа да се носи, но и да се создадат услови за можност за барање на сертификатите за вакцинација, смета министерот за здравство Венко Филипче.

„Секаде каде што има влез и излез тоа би требало да се прави. Тешко е да се организира каде што се собираат граѓаните, но се согласувам дека забелешката ви е на место. Уште денеска ќе најдам начин да препорачам до сите политички партии, да најдат начин сето тоа да биде искоординирано со влез-излез доколку е можно, за да се побара сертификат. Доколку може сметам дека ова треба да се организра во таа насока“, вели Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи